Одбиени 160 мил. евра за СМС

Благодарение на одличните игри во изминатата сезона, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, доби неколку примамливи понуди за време на летниот преоден рок, но првиот човек на римскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито не прифати продажба на српскиот интернационалец.

Sergej Milinkovic-Savic of SS Lazio during the Serie A TIM match between SSC Napoli and SS Lazio at Stadio San Paolo Naples Italy on 10 February 2018. (Photo Franco Romano/Nurphoto)

И покрај очајните партии кои ги прикажа за време на Мундијалот во Русија, како и на почетокот од новата сезона во Серија А, сопственикот на “светлосините”, не се откажува од намерата да заработи астрономска сума од продажбата на одличниот играч за врска.

-текстот продолжува по рекламата-

При посетата на едно римско училиште, Лотито зборуваше за плановите и минатогодишен интерес на европските гиганти за Србинот.

  • Сакаме да изградиме победнички тим и дополнително да го засилиме, а не да го ослабнеме. Ако имав поинаков начин на размислување, јас ќе го продадев Милинковиќ-Савиќ за 160 милиони евра, но јас не го сторив тоа. Не мислам дека некој друг газда во светскиот фудбал би го направил, она што го направив јас, изјави Лотито.