Поврзи се

Други спортови

Одбиени жалбите за 47 руски спортисти на ЗОИ од страна на ЦАС

Судот за спортска арбитража (ЦАС) со седиште во Лозана ги отфрли жалбите на 47 руски спортисти и тренери против забраната за учество на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Руските спортисти тврдеа дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) неправедно ги исклучил од игрите.

Заменик рускиот премиер Виталиј Мутко рече дека одлуката е очекувана, но дека претставува разочарување.

Во Пјонгчанг сепак ќе се натпреваруваат 169 руски спортисти, но како независни.

ЦАС оваа одлука ја донесе само неколку часа пред свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com