Connect with us

Тајмаут

ОДБИВА ДА ЖИВЕЕ КАКО РОНАЛДО И НЕЈМАР: Мане ОТКРИ каква жена бара!

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане не живее бајковит живот. Тој е многу скромен и повлечен, а не е оженет, па е на мета на многу невести. Сепак, таа што ќе го задоволи сигурно не е девојка со грст пластични операции.

– Многу девојки ме прашуваат зошто не сум мажена, но жал ми е што го губат времето. Жената со која ќе се омажам нема да биде на социјалните мрежи. Сакам да се омажам за некој кој го почитува Бог и редовно се моли. Секој има свој начин на избор на љубовта – објасни Мане.

Не може да се замисли да живее како Нејмар или Роналдо.

– Ги следам на социјалните мрежи и тоа ми е доволно. Ми се допаѓа нивниот живот, но тој живот не е создаден за мене – изјави Мане.