Фудбал
Одигра 12 натпревари, три пати испадна од лигата и замина од Челзи по 6 години! Никому не му треба, а заработиле пари на него!
Фудбалерите на Челзи се подготвуваат за новата сезона во Премиер лигата, а управата на клубот продолжи со распродажба на огромен број играчи. Ејтан Ампаду (23), стопер кој може да игра и како заден играч од средниот ред, нема да биде во тимот во следната натпреварувачка година.
Фудбалерот од Велс беше неколку дена во тимот, по заминувањето на Цезар Аспиликуета. Во 2017 година Ејтан беше купен од Ексетер за 2,8 милиони евра, а првите две сезони ги мина како дел од тимот на Челзи. Следеа позајмици во РБ Лајпциг, Шефилд Јунајтед, Венеција и Специја, а интересно е што испадна од лигата во дресот на последните три екипи! Испадна од Премиер лигата , а потоа успеа да го стори истото со два клуба во Серија А.
Како фудбалер на Лајпциг одигра само седум натпревари, а потоа успеа да се наметне во тимовите за кои настапуваше. Дресот на Шефилд го облече 29 пати, во Венеција настапи на 30 натпревари, во Специја на дури 34. Сепак, во ниту еден од тие тимови не стекна добар глас, па на крајот беше купен од Лидс за осум мил. евра, каде ќе игра во следната сезона, и ќе се бори за влез во Премиер лигата.
Тимот на „Еланд Роуд“ испадна од елитното ниво, но реши експресно да се врати и репрезентативецот на Велс е едно од засилувањата што може да им помогне на патот. Во Лидс, а веројатно и во Челзи се надеваат дека Ејтан Ампаду ќе покаже барем малку од талентот за кој се зборуваше пред неколку години кога го засили тимот од Лондон. Инаку, за шест години колку што официјално беше член на Челзи, Ејтан Ампаду одигра само 12 натпревари за сините. Се појави на пет натпревари во ФА Купот, три натпревари во Лига купот, три натпревари во Лига Европа и еден натпревар во Премиер лигата. Тоа беше во декември 2017 година кога одигра 10 минути против Хадерсфилд!