Фудбал
Одиграл 48 минути, добива 28 милиони евра! ФИФА донесе пресуда, клубот ќе мора да плати!
Лидс ќе мора да издвои голема сума пари за играч кој нема да игра за нив – Жан-Кевин Агустин.
Лидс мора да плати 28 милиони евра на фудбалер кој одиграл вкупно 48 минути за англискиот тим. ФИФА донесе пресуда според која Премиер лигашот ќе треба да одвои голема сума на пари за Жан Кевин Агустин. Од клубот најавија дека ќе поднесат жалба на оваа одлука.
Агустин му се приклучи на Лидс на позајмица од Лајпциг во јануари 2020 година и клубот вети дека ќе го откупи неговиот договор доколку обезбеди промоција во Премиер лигата. Тоа се случи, но договорот не беше откупен. Германскиот клуб поднесе тужба, ја доби на суд и заработи околу 20 милиони евра, потоа Французинот го направи истото. Сега, најверојатно ќе ги добие парите и тој.