Connect with us

Други спортови

Одигран најскапиот меч, спектаклот кој го чекаа милиони Американци, титулата решена во последниот напад (ВИДЕО)

Тимот на Лос Анџелес Ремс славеше во Суперболот, откако го победи Синсинати Бенгалс со 23:20 (3:7, 7:6, 10:3, 0:7) и ја освои титулата во НФЛ лигата. Еден од најспектакуларните спортски настани на планетата заврши на фантастичен начин, бидејќи шампионската титула беше решена во последниот напад. Трофејот на „Ломбарди“ во Ремс доаѓа по втор пат, последен пат шампионите беа во 1999 година, кога франшизата се наоѓаше во Сент Луис.

Ова беше навистина игра во која можеше да се ужива, имаше многу пресврти со феноменални одбранбени игри на двете екипи, а треба да се напомене дека повредите имаа влијание врз текот на играта.