Connect with us

Фудбал

Одлична колекција: Пике ги покажа сите трофеи освоени со Барса

Жерар Пике по пензионирањето го посети Камп Ноу каде имаше шанса да се слика со сите трофеи што ги освои со Барселона во својата неверојатна кариера.

За време на неговите 14 години во каталонскиот клуб, Пике освои осум титули во Ла Лига, седум трофеи во Копа дел Реј, три трофеи во Лигата на шампионите, три трофеи од Светското клупско првенство и три Суперкупа на УЕФА.