Други спортови
Одлична најава од менаџерот на Хабиб: 30-0!
Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, имаше многу интересна објава на Твитер вечерва.
Абделазиз објави статус на кој пишува само 30-0, а многумина се убедени дека ова значи враќање на Хабиб во октагонот.
30-0
— Ali Abdelaziz (@AliAbdelaziz00) November 10, 2020
Орелот реши да се повлече по победата над Џастин Гаетже. Сепак, шефот на УФЦ, Дана Вајт, беше уверен дека може да се врати за 30-та победа што беше желба на неговиот татко и потоа да ја заврши кариерата.
Со оваа навистина голема најава, Абделазиз само ги зголеми сомнежите дека тоа ќе се случи, и ќе видиме дали навистина ќе биде така.