Фудбал
Одлична вест за навивачите на Атлетико: Коста подготвен за Ливерпул
Одличниот напаѓач Диего Коста ќе биде подготвен за дуелот на Атлетико Мадрид со Ливерпул, како дел од осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Коста се врати на тренинзите и Диего Симеоне сигурно може да биде задоволен.
Напаѓачот мораше да одмори со месеци поради повреда на грбот, а тој започна само осум натпревари оваа сезона.
Се шпекулираше дека може да биде надвор од терените цела сезона, но за среќа Атлетико и неговите фанови конечно слушнаа добри вести за Коста.
Атлетико Мадрид, е подготвен да го пречека Ливерпул на 18-ти февруари, а сигурни сме дека ќе претстои вистинскиот спектакл. Првиот натпревар се игра во Мадрид.
(AS) Diego Costa vuelve al grupo https://t.co/2ApwtJdLDQ #Atleti
— atleeeti! (@atleeeti) February 7, 2020