Други спортови
Одличната тенисерка падна на допинг тест: За време на сек*от, недозволена супстанца влезе во моето тело
Една од најголемите надежи на украинскиот тенис, Дајана Јастремска беше суспендирана на почетокот на годината поради позитивен тест за допинг.
Тенисерката, која утре ќе наполни 21 година, досега има освоено три турнири во својата кариера и има заработено над два милиони долари од награди, а оваа година требаше да биде година во која ќе се пробие на самиот врв на тенисот.
View this post on Instagram
На почетокот на минатата година таа оствари пласман во кариерата, односно беше 21-та тенисерка во светот, но почетокот на оваа година и донесе голема неволја.
Имено, Дајана, која важи и за една од најсексапилните тенисерки на турнејата, беше позитивна на забранетата супстанца местеролон.
Сепак, украинската тенисерка од самиот почеток тврди дека е невина и дека никогаш не користела недозволени средства, а кога беше суспендирана изјави дека ќе се бори да ја спаси својата чест.
“Во мојата урина беа пронајдени многу ниски нивоа на местеролон. Со оглед на малата концентрација и негативниот примерок две недели порано, добив научна информација дека е можен позитивен резултат како резултат на некаква контаминација. Покрај тоа, бев информиран дека мажите ја користат оваа супстанца како лек и не им се препорачува на жените поради штетните ефекти“, истакна украинската тенисерка пред околу пет месеци.
View this post on Instagram
И денес, стана јасно на што ќе се заснова нејзината одбрана. Имено, Дајана тврди дека недозволена супстанца влегла во нејзиното тело за време на се*с со нејзиниот поранешен партнер.
Но, нејзиниот поранешен партнер тврди дека тоа не е точно и дека таткото на тенисерката го замолил да ја преземе вината, тој не сакал да го стори тоа и напишал изјава за Комисијата што се занимава со овој случај.
После тоа, таткото на украинката го замоли да даде дел од косата за анализа, но тој одби и никогаш повеќе не соработуваше со одбраната на украинската.
View this post on Instagram
Официјално рочиште за ова прашање ќе се одржи овој месец, а одбранбениот тим на тенисерката смета дека ќе се докаже дека недозволена супстанца влегла во телото на нивниот клиент за време на сексуален однос.
Меѓутоа, ако се покаже дека не е така, Дајана се соочува со нова казна и очекува дополнителна „пауза“ од тенисот.