Други спортови
Одлични квалификации за Ферари на улиците во Монте Карло, Хамилтон се пожали на патеката
Ги гледавме одличните квалификации во Формула 1 на легендарната патека во Монте Карло за ГП Монако.
Домашниот возач и член на Ферари, Чарлс Леклерк ќе стартува утре од првата позиција и така им донесе на „црвените“ пол позиција по подолго време.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе биде во првата стартна линија, додека Валтери Ботас во Мерцедес и Карлос Саинц во Ферари ќе ја започнат трката од вториот ред, а Саинц заврши одлични квалификации и тренинзи за Ферари, кој се надева на добар резултат во трка утре.
Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон се пожали на патеката и на крајот заврши на седмото место, пред него на стартот ќе бидат Ландор Норис во Мекларен и Пере Гасли во Алфа Таури, кои имаа одлични квалификации.
Во ТОП 10 во трката ќе оди Себастијан Фетел со болид на Астон Мартин од осмата позиција, деветти во квалификациите беше Серхио Перез во Ред Бул, а ТОП 10 го комплетираше Анитонио Џовинаци во Алфа Ромео, кој позитивно изненади и имаше неколку многу добри времиња на поминување.
Разочарувањето од квалификациите е Даниел Рикиардо во Мекларен, тој ќе започне утре од 12-та позиција.