Connect with us

Други спортови

Одлични вести од Мелбурн: Членот на Мекларен се чувствува добро и веќе нема симптоми на коронавирус

Поради пандемијата на коронавирус, челниците на Формула 1 го одложија почетокот на новата сезона пред неколку дена.

Новата сезона во Формула 1 требаше да започне вчера со трката за Големата награда на Австралија, но истата беше одложена откако беше потврдено дека еден член на тимот на Мекларен бил заразен со коронавирус.

Мекларен потоа се повлече од трката за австралискиот ГП, но набргу потоа пристигна и одлуката за одложување на трката. Еден член на Мекларен веднаш бил пренесен во изолација, а другите членови на овој тим биле тестирани.

За среќа, сепак, немаше повеќе заразени луѓе и нови добри вести доаѓаат од Мелбурн денес. Поточно, потврдено е дека заразениот член на Мекларен се чувствува добро и повеќе нема симптоми.

Ова се секако охрабрувачки вести, особено за тимот на Мекларен, кој се подготвува со недели да ја започне новата сезона.