Кошарка
Одлични вести! Самарџиски се враќа на теренот, еве за кој потпиша…
34 годишниот репрезентативец, Предраг Самарџиски се враќа на теренот. 216 сантиметри високиот центар, по пауза од една година поради пандемијата од коронавирусот и се враќа на кошарката. 34-годишникот потпиша договор до крајот на сезоната со турскиот второлигаш Јени Мамак.
Самарџиски минатата сезона играше исто така за турски второлигаш, Самсунспор, а во кариерата беше дел и од Партизан, ФМП, Црвена Звезда, Литвос Ритас, Мега, МЗТ Скопје.