Connect with us

Ракомет

Одличните Норвежани ја разбија и Португалија

Репрезентацијата на Норвешка ја оствари и својата трета победа на Европското првенство.

Норвежаните ја совладаа Португалија со 34:28 и носат два бода во второто коло, додека пласман во следната фаза обезбеди и Португалија со победи над БиХ и Франција.

Португалците пружаа отпор на Норвешка, особено во првиот дел, но подоцна паднаа во „црната дупка“, па домашната селекција на крилјата на лојалните навивачи, разбранетиот тандем на голманот и разиграните бекови дојдоа до нова победа.

Според покажаното, Норвешка има право да се надева на најблескавиот медал, особено поради фактот што Франција веќе испадна, а може да испадне и Данска.

Во победата на Норвешка Магнус Јондал постигна седум гола, Горан Јоханесен шест и Сандер Сагосен пет погодоци. Најефикасен кај Португалија беше Антонио Арела со пет гола.