Connect with us

Фудбал

Одложен еден од бараж натпреварите на Светското првенство

Дуелот меѓу Русија и Полска нема да биде единствениот што нема да се одигра во предвидениот термин.

Во понеделникот се појавија информации дека ФИФА планира да одложи некои бараж натпревари за уште еден термин со надеж дека руската инвазија на Украина ќе престане што е можно поскоро.

Полјаците ја пренесоа веста дека натпреварите би можеле да се играат во јуни, кога барем така се надева ФИФА, војната ќе заврши и ќе се укине суспензијата на Русија.

Полјаците, Чесите и Швеѓаните одбија да играат против Русија, а после тоа ФИФА донесе одлука да ја суспендира Руската фудбалска федерација од сите натпреварувања.

Веста за одложување на уште еден бараж дуел пристигнува во вторник. Станува збор за натпреварот Шкотска – Украина кој требаше да се одигра на 24 март на Хампеден парк.

Вториот дуел од тој дел од ждрепката меѓу Австрија и Велс не е одложен, но се претпоставува дека финалето ќе се игра во јуни во термините на Лигата на нации.

ФС Шкотска излезе на средба и се солидаризираше со Украинците и се согласи да го одложи натпреварот заедно со ФИФА.