Connect with us

Кошарка

Одложен мечот меѓу Торонто и Чикаго поради коронавирус

Published

on

Натпреварот меѓу екипите на Торонто и Чикаго, што требаше да се игра вечерва со почетокот во еден час по полноќ по македонско време, е одложен поради неколкумина заразени со коронавирус во редовите на канадскиот тим, соопшти вечерва НБА лигата.

Лигата посочи дека состојбата со заразени со Ковид-19 во редовите на Торонто „се влошува“, непрецизирајќи го, притоа, бројот на позитивни случаи.

Поради почитување на правилата за изолација на лица со кои позитивни на коронавирус биле во контакт, Торонто го нема на располагање неопходниот минимум од осум кошаркари, поради што натпреварот против Чикаго е одложен.

Ова е 30. натпревар од почетокот на оваа сезона во НБА лигата што е одложен поради коронавирус.

Facebook