Фудбал
Одложен уште еден натпревар во Серија А
Алармантна состојба преовладува во Италија по епидемијата на коронавирус во последните неколку дена.
Доцна синоќа беа одложени натпреварите Интер-Сампдорија, Верона-Каљари и Аталанта-Сасуоло, а денес одложен е уште еден натпреварот, Торино-Парма.
Торино и Парма требаше да играат 15 часот, но поради мерки на претпазливост беше одлучено одложување на натпреварот. Новиот датум на состанокот ќе биде утврден дополнително.
Како што стојат работите сега, ќе се играат само два натпревари денес. Првиот меѓу Џенова и Лацио со почеток во 12:30 часот, а вториот меѓу Рома и Лече од 18 часот.
Досега две лица починале од коронавирусот во Италија, но во последните 48 часа е зголемен бројот на заразени лица, поради што се одложуваат јавните настани, особено на северот на земјата.
ℹ️| Anche la partita #TorinoParma è stata rinviata a data da destinarsi#SFT pic.twitter.com/PK6d4AwTSc
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) February 23, 2020