Фудбал
Одложена е и Бундеслигата!
Германската фудбалска асоцијација одлучи да ги одложи натпреварите што требаше да се играат во текот на викендот.
Иако беше планирано 26. коло да се игра во стандардна смисла, но без присуство на публиката, денес беше решено да се одложат натпреварите.
Се разбира, причината за откажувањето е пандемија на коронавирус која го погоди целиот свет, а челниците на Бундеслигата ќе донесат одлуки за продолжување на првенството на состанокот во понеделник.
Бундеслигата, исто така, се очекува да биде стопирана до 2. април и во тој период нема да има активности на германските терени.
Во Германија, двајца играчи од темот на Хановер кој игра во втората лига, беа позитивни на тестирањето за коронавирус во последните неколку дена, а комплетниот состав на Нирнберг е ставен во карантин.
Потсетуваме, другите големи европски лиги ги прекинаа првенствата до април, а УЕФА одлучи да не се играат натпреварите под нејзино покровителство.
Nach aktuellen Entwicklungen in Zusammenhang mit dem #Corona-Virus: #DFL beschließt Verlegung des 26. Spieltags der #Bundesliga und 2. Bundesliga ➡️ https://t.co/1YLxW9rcco pic.twitter.com/9jJaADVEtC
— DFL Deutsche Fußball Liga (@DFL_Official) March 13, 2020