Други спортови
Одложени се и Олимписките игри!
Олимписките игри планирани за ова лето во Токио веројатно ќе бидат одложени.
Според голем број релевантни извори, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и организаторите на Игрите во Токио донеле одлука за одложување на Олимписките игри, бидејќи пандемијата на коронавирус не може да гарантира безбедност за спортистите и навивачите.
Олимпијадата требаше да се одржи од 24 јули до 9 август, а сега во опција се три нови термини околу кои се преговара. Опциите се кон крајот на 2020 година, следнотѕо лето и 2022 година.
Официјалната одлука за одложување на Олимпијадата треба да биде донесена наскоро.
Потсетуваме, Европското првенство во фудбал е одложено, како и Копа Америка.