Connect with us

Фудбал

Одложено финалето на германскиот куп

Финалниот натпревар од Купот на Германија е одложен на неопределено време.

Германската фудбалска федерација денеска соопшти дека финалето нема да се одржи на 23 мај според планираното и дека натпреварот е одложен за друг датум и најверојатно ќе се игра без публика.

Не е познато кога ќе се играат полуфиналните дуели помеѓу Баерн и Ајнтрахт, и Сарбрукен и Баер Леверкузен.

Сезоната во Германија беше прекината поради коронавирусот од средната на Март, со тоа што клубовите планираат да ја продолжат сезоната за 9. мај.

Сепак, ќе треба да добијат дозвола од германската влада која ќе го разгледа нивниот предлог во наредните денови.