Connect with us

Фудбал

Одложено финалето на Купот на Грција

о барање на полицијата Фудбалската федерација на Грција реши да го откаже финалниот меч во националниот куп во кој требаше да се сретнат градските ривали од Атина, Олимпијакос и АЕК.

Во полициска акција во близина на стадионот на Аполон каде на 26 јули требаше да се игра натпреварот, откриени се 18 молотови коктели и 12 дрвени палки и поради основано сомнение дека се подготвуваат судири меѓу навивачите натпреварот е откажан, но се уште постои можност одлуката да се смени и дуелот за трофејот во Купот да се игра во друг град.

Извор: Телма