Connect with us

Тајмаут

Одмазда на бесната бивша сопруга: Продава шампионски предмети на Аргентина од Светското првенство во Катар

Јесика Фриас, сега поранешна сопруга на светскиот шампион Ексекиел Паласиос, од бес решила да ги продаде сите првенствени работи од Светското првенство во Катар. Паласиос (25) со аргентинската репрезентација ја освои титулата на Светското првенство во Катар, а највредните работи и ги подари на сопругата Јесика Фриас со која е во брак од 2021 година.

Сепак, двојката неодамна се разведе, а огорчената сопруга реши да ги стави на продажба сите вредни предмети, па дури и златниот медал што го освои нејзиниот сопруг, најважниот во светот на фудбалот. Се продава и дресот во кој стана светски шампион. Двојката се запозна во 2018 година, а се венчаа три години подоцна. Сепак, на почетокот на 2024 година, фудбалерот на Баер Леверкузен се раздели од сопругата, која сега ги објасни своите постапки.

Имено, Јесика ги продава сите работи на аргентинскиот фудбалер бидејќи одбил да и ги даде парите неопходни за престој во станот и покривање на сите животни трошоци. Поранешната сопруга на Паласиос веќе го продаде неговиот дрес од финалето на Светското првенство и објави фотографија со среќниот купувач.