Connect with us

Други спортови

Одмазда на Путин, подготвува нешто што го нарекува возвратен удар за светот на спортот

Практично сите репрезентации се исклучени од натпреварувањето, а спортистите кои се занимаваат со индивидуални спортови не можат да настапуваат под руско знаме. Секако, најголемиот удар на Русите им го зададоа ФИФА и УЕФА кои ги исфрлија фудбалските репрезентации на оваа земја од сите нивни натпреварувања.

Тежок удар претрпе и Белорусија, чии селекции и репрезентации ќе мора да играат меѓународни натпревари на неутрален терен, без присуство на публика.

После тоа, и руските и белоруските спортисти беа исфрлени од Зимските олимписки игри во Пекинг, па Путин реши да возврати.

Руски Тасс објави дека Русија ќе организира посебен натпревар во Сочи наменет исклучиво за белоруски и руски натпреварувачи.

„Натпреварите на кои ќе учествуваат руски и белоруски спортисти ќе се одржат во олимписките објекти во Сочи. Се разговара за датумите и имињата на натпреварите“, рече изворот.

Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) првично одлучи спортистите од Русија и Белорусија да можат да настапуваат под неутрално име, но подоцна реши целосно да ги елиминира од натпреварувањето.

Досега 300 цивили се убиени за време на руската инвазија на Украина, иако многумина веруваат дека бројката е далеку поголема. Повеќе од милион луѓе ја напуштија Украина.