Connect with us

Фудбал

Однесувањето на Мануел Ноер ги нервира водачите на Баерн

Мануел Ноер прилично многу ги вознемири челниците на Баерн Минхен.

Легендарниот голман веќе девет години е член на баварскиот гигант, а „Билд“ пред неколку дена објави дека агентот на Ноер ги напуштил просториите на Баерн по само четири минути.

Причината беше фактот што тие му понудија договор до 2023 година, а Ноер сакаше двегодишна соработка и тоа ги одложи преговорите меѓу двете страни.

Неговите барања, според „Билд“, многу ги вознемириле челниците на Баерн. Тие очекуваа да добијат многу поголема почит од нивниот долгогодишен голман и, наводно, биле подготвени да го пуштат да оди заради таков однос со клубот.

Баерн веќе донесе голман да го замени Ноер во наредните години. Александар Нубел е во клубот од летото, а Ноер направи проблеми и кога слушна за доаѓањето на 23-годишниот голман.

Во тоа време, тој јавно изјави дека нема намера да седи на клупата дури ни во Купот, па создал големи проблеми за Баерн.

Ноер се поврзува со Челзи, но поентата е дека тој не сака да го напушти Баерн.