Connect with us

Фудбал

Односот со Гризман и желбата да се врати Нејмар, Меси зборува отворено!

Постојат многу шпекулации дека Лионел Меси бил против трансферот на Антоан Гризман во Барселона. Дури се зборува дека Аргентинецот барал враќање на Нејмар по секоја цена.

Во врска со овие гласини, самиот Меси зборуваше во интервју за „RAC1“, каде објасни сè за ова прашање.

Гризман – „Не е лесно да се игра во Барселона. Секој што не ја живее филозофијата на овој клуб и не го знае методот на работа овде, смета дека е тешко. Играме на многу поинаков начин. Сепак, не се сомневаме дека тој ќе се прилагоди бидејќи е интелигентен“.

Меси беше против трансферот на Гризман – „Ова е лага. Исто така, минатата година реков дека тој е еден од најдобрите играчи и во Барселона како него секогаш се добредојдени. Никогаш не сум имал проблеми со тоа“.

Нејмар – „Да, го сакав Нејмар назад. Тој е еден од најдобрите во светот. Да го има во составот ги зголемува шансите да освои се.“

Заминувањето на Нејмар од Барселона – „Знаејќи го Нејмар мое мислење е дека откако ја напушти Барселона сфати дека направил грешка и дека донел лоша одлука“.