Connect with us

Други спортови

Одобрена листата на возачи и тимови во Формула 1 за сезоната 2019

Конечната листа на возачи и тимови кои ќе учествуваат во новата сезона Формула 1 е одобрена од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Кај тимовите има две промени: Форс Индија беше преименуван во Рејсинг Поинт, а Саубер го смени името во Алфа Ромео Рејсинг.

Двете екипи ќе ги покажат своите нови болиди на 13, односно 18 февруари.

Листа на возачи и тимови за Ф1 шампионатот сезона 2019:

Луис Хамилтон и Валтери Ботас (Мерцедес)
Себастијан Фетел и Шарл Леклер (Ферари)
Дниел Рикардо и Нико Хулкенберг (Рено)
Макс Верстапен и Пер Гасли (Ред Бул)
Ромен Грожан и Кевин Магнусен (Хаас)
Карлос Саинс и Ландо Норис (Мекларен)
Серхио Перез и Ленс Строл (Рејсинг поинт)
Кими Раиконен и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео)
Роберт Кубица и Џорџ Расел (Вилијамс)
Данил Квајт и Александр Албон (Торо Росо).

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com