Connect with us

Други спортови

Одржан првиот комбиниран настан во еспорт и спорт

Скопје, 28 август 2020 (МИА) – Македонската Еспорт Федерација, во соработка со Град Скопје, го организираше првиот комбиниран настан под мото „ЕСПОРТ И СПОРТ“ во регионот.

Во спортската сала „Борис Трајковски“, беа применети сите активни мерки на Министерството за здравство за заштита од ширење на коронавирусот.

– Натпреварувачите, покрај во еспорт, се натпреваруваа и во пинг-понг и серва. Се покажа дека најуспешните во еспортот, исто така, се активни и во физичките спортови, што беше главната цел на овој проект.

Дел од настанот беше квалификацискиот турнир во PES2020 за учество на Светското Еспорт Првенство во Еилат, Израел. Настанот се одржа во Еспорт Клубот Арена. Натпреварите се одиграа без публика, но беше овозможено онлајн следење на твич канал на Еспорт Федерацијата.

loading...

На турнирот учествуваа осум играчи меѓу кои и минатогодишните прваци на Македонската Е-спорт Федерациа и најдобрите од Фудбалската Федерација на Македонија.

Првото место го освои Иван Иванов во финале со Давид Гаревски со резултат во мечеви 3:0 и неговата беспрекорна игра, додека третото место го освои Ташко Илиев со својата победа од 3:0 во мечот против Јакуп Максути.

Тројцата победници, Иванов, Гаревски и Илиев заминаа со пехар како потсетник за нивните победи, а Иванов ќе ја претставува Македонија на Светското Еспорт Првенство во Израел оваа година. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com