Фудбал
Официјално: Баер (Л) потпиша со 19-годишен Чех
Баер (Леверкузен) потпиша договор со младиот чешки напаѓач Адам Хложек од Спарта (Прага) и најверојатно подготвува потенцијално партнерство во нападот на тимот со неговиот сонародник Патрик Шик. Клубот од Бундеслигата соопшти дека 19-годишниот Хложек бил интересен и за Борусија (Дортмунд) и сега потпишува со Аспирините до јуни 2027 година.
„Хложек е напаѓач кој може да постигнува голови и од врвот на нападот и како крилен напаѓач. Тој е многу разновиден во делувањето на теренот, напаѓа со многу физичка сила и меѓу другото има силен удар. Сите овие квалитети ни даваат многу варијации во градењето на единицата во преден план“, објасни спортскиот директор Сајмон Ролфс.
🚨 TRANSFER NEWS 🚨
19-year-old Adam Hložek joins the Werkself on a five-year deal.
Welcome to your new home Adam! pic.twitter.com/8Y2BNY0Llu
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) June 2, 2022
Баер (Леверкузен) и онака нема проблем да постигнува голови, бидејќи минатата сезона испрати 80 топки во противничките мрежи. 24 од погодоците беа дело на Патрик Шик, кому минатиот месец му беше продолжен договорот и со тоа стави крај на шпекулациите дека Чехот ќе биде продаден во англиската Премиер лига.
Хложек имаше одлична сезона и во Чешка , постигнувајќи 14 гола на 33 натпревари.