Фудбал
Официјално: Бенфика објави зделка со Ливерпул
Бенфика потврди дека е постигнат договор со Ливерпул за продажба на напаѓачот Дарвин Нунес . Англискиот клуб сигурно ќе плати 75 милиони евра, а уште 25 милиони се вклучени во договорот како клаузули. Така, ова веројатно ќе стане најскапото купување во историјата на Мерсисајдс, надминувајќи го она на Вирџил ван Дајк (84,65 милиони).
Денеска Уругваецот го очекуваат на „Енфилд“ на медицински тестови, по што ќе го парафира договорот кој ќе биде за следните шест сезони.
Засега се уште нема официјална потврда за трансферот на страницата или профилите на социјалните мрежи на двата клуба. Сепак, излегува дека малку по полноќ – во 0:44 часот по локално време, жителите на Лисабон ги доставиле документите за зделката до локалната државна комисија која ги регулира пазарните трансакции, вели Фабрицио Романо.
)