Фудбал
Официјално: Бобан Бабунски нов тренер на Пелистер
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2023/01/babunski.jpg)
Пелистер спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски. Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно.
Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига.
Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа. Неговото претставување и почеток на подготовки е закажано за понеделник деветти Јануари 2023 година.