Connect with us

Фудбал

Официјално: Чави останува во Катар

Легендата на Барселона, Чави Ернандез и во наредната натпреварувачка сезона ќе го води тимот на Ал Сад од Катар.

Чави во јануари ја одби понудата да го преземе кормилото на „Камп Ноу“, а неодамна изјави дека е спремен да се врати во Барселона.

Сепак, легендарниот фудбалер ја продолжи соработката со катарскиот клуб, па наредната сезона ќе остане во Ал Сад.

Се најавуваше дека Чави е најсериозна замена за Кике Сетиен, меѓутоа, неговиот кам-бек во Барселона нема да се случи за скоро време.

Во 2021 година во Барселона има претседателски избори, па Чави може да биде адут за некој од претседателските кандидати.