Поврзи се со нас

Фудбал

Официјално: Игуаин заврши со Јувентус

Торино, 17 септември 2020 (МИА) – Јувентус и Гонзало Игуаин официјално се разделија по раскинувањето на договорот на напаѓачот со заедничка согласност. 32-годишниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Интер (Мајами) на Дејвид Бекам.

-текстот продолжува по рекламата-

Италијанскиот шампион објави дека разделбата со Игуаин му носи загуба на клубот од 18,3 милиони евра за периодот 2019/20.

Аргентинецот беше привлечен летото 2016 година од Наполи за дури 90 милиони евра. Во Торино, Пипита никогаш не успеа да импресионира и двапати беше позајмен – во Милано и Челси.

-текстот продолжува по рекламите-

Веднаш штом пристигна, новиот тренер Андреа Пирло му рече на Игуаин дека нема да се потпира на него.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама