Поврзи се со нас

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Интер го привлече Дармијан

Милано, 5 октомви 2020 (МИА) – Интер објави за привлекувањето на дефанзивецот Матео Дармијан од Парма. 30-годишниот играч се сели на „Меаца“ на позајмица со задолжителна откупна клаузула следното лето.

Тој станува четвртиот поранешен играч на Манчестер Јунајтед кој игра за „нероазурите“. Во последната година, тимот од Милан се засили со Ешли Јанг, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку.

Инаку, во текот на овој преоден рок Интер се засили со Ашраф Хакими, Александар Коларов, Артуро Видал и Николо Барела.

Правата на Стефано Сенсеи ги откупи Сасуоло, Иван Перишиќ се врати по позајмицата во Баерн Минхен, каде освои „требл“.

Раџа Наинголан исто така се врати по трансферот во Каљари, но се очекува повторно да игра за тимот од Сардинија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама