Connect with us

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: Крај за европската кошарка!

Натпреварувањата во Евролигата и Еврокупот и официјално се прекинати поради пандемијата со коронавирусот. Одлуката е соопштена на официјалниот сајт на Европската кошарка.  На состанокот учествувале претставнци на сите клубови.

Освен ова донесени се одлуки дека во сезоната 2020/2021 во Евролигата ќе учествуваат истите клубови. Дел од Еврокупот следната сезона ќе бидат тимовите кои оваа сезона се пласирале во четвртфиналето, а останатите празни места ќе бидат пополнети во зависност од пласманот во националните првенства.