Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Македонска мала колонија во АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во иднина ќе го носи дресот на АЕК Ларнака. Неговата авантура во Хапоел завршува по само една сезона. Играчот за врска се договори на двегодишна соработка со кипарскиот тим, а во следните неколку дена треба да ги мине лекарските прегледи, па потоа и официјално да го стави својот потпис.

Пред само четири дена АЕК Ларнака соопшти дека ја продолжиле соработката со дефанзивецот од Македонија, Даниел Мојсов. Тој е еден од најстандардните фудбалери во кипарскиот тим, а од 2016-та одиграл 89 натпревари и постигнал пет голови.

Договорот со Даниел Мојсов е потпишан за уште една сезона.

Во истиот тим секако е и напаѓачот Иван Тричковски кој е најдобар стрелец во историјата на клубот.