Connect with us

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Илиевски е нов тренер на Пелистер

Битолски Пелистер од денес има нов тренер. Од вечерва нов предводник на Пелистер е Марјан Илиевски, кој потпиша договор за соработка со амбициозниот клуб од Пелагонија.

Љупчо Малинков ја водеше екипата до прекинот на шампионатот, а со оглед на тоа што неговиот договор истече, клубот од Битола му се заблагодари на соработката.

Овој стручњак имаше неколку успешни сезони како предводник на Блокотехна, успевајќи на чело на амбииозниот проект да стигне до едно куп-финале, две полуфиналиња во плејофот, но и да се закити со трофејот во БИБЛ-лигата.