Фудбал
Официјално – Прво позначајно заминување од Реал Мадрид!
Марко Асенсио денеска и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид.
По седум години, Асенсио одлучи да го напушти Мадрид како слободен играч кога ќе му истече договорот на 30 јуни.
Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Шпанецот, но се шпекулира дека тоа би можел да биде Пари Сен Жермен.
И Реал Мадрид на својата веб-страница ја потврди разделбата со Асенсио и му се заблагодари за се што направи за клубот.
Асенсио пристигна во Реал кога имаше само 20 години и ги испиша златните страници на историјата, откако освои дури 17 трофеи, меѓу кои три ЛШ и три Ла Лига, кои секако се најважните пехари.
Queridos madridistas 🤍 @realmadrid pic.twitter.com/XvNldSUr3k
— Marco Asensio (@marcoasensio10) June 3, 2023