Фудбал
Официјално, Реал го претстави своето прво зимско засилување
Реинер Жесус Карвалјо постигна договор со Реал Мадрид и потпиша шестгодишен договор со гигантот од Ла Лига.
18-годишникот се пресели на „Бернабеу“ за бројка за која се шпекулира дека е околу 35 милиони евра.
Реинер е напаѓач од средниот ред кој до вчера го носеше дресот на Фламенго во Бразил.
Се очекува да му се придружи на вториот тим на „Лос Бланкос“, каде ќе биде трениран од легендата Раул, да помине една сезона со новиот клуб.
#WelcomeReinier pic.twitter.com/FaVxmrGJIf
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) January 20, 2020