Connect with us

Ракомет

Официјално РК Вардар доби нов сопственик, но и ново име!

Вакво нешто и се очекуваше. По заминувањето на Сергеј Самсоненко, како нов спонзор на РК Вардар се појави Михајло Михајловски. Административните работи се завршени, пишува „Фактор“, па од вчера спонзор на клубот е Компанијата за изградба и одржување на топлотехнички постројки Ватростална официјално стана нов сопственик на актуелниот европски ракометен првак Вардар. Од 29 мај основан е нов клуб, а пријавата е прифатена вчера, така што двократниот европски шампион официјално ќе носи ново име – Вардар 1961.

Паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра, а Михајло Михајловски и службено е регистриран за генерален менаџер на црвено-црните. Михајловски беше прв човек на РК Вардар пред преземањето од страна на Самсоненко.