Connect with us

Други спортови

Официјално: Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Париз, 7 септември 2020 (МИА) -Отвореното првенство на Франција ќе се игра пред публика.

Французите претходно најавија дека публиката ќе биде на трибините во Париз, а сега тие ја официјализираа таа одлука.

Ќе има најмногу 15 000 гледачи на ден на Ролан Гарос.

Тие ќе бидат поделени во три зони и ќе има по 5.000 во секоја од нив.

Публиката ќе може да присуствува на натпреварите на трите најголеми терени – „Филип Шатрије“, „Сузан Ленгле“ и „Сајмон Метју“.

Тие три терени исто така ќе имаат три зони и публиката нема да може да се движи меѓу зоните, но билетите ќе се купуваат по зони.

Нема да има публика на квалификациските натпревари. Маските ќе бидат задолжителни.

Ролан Гарос се игра од 28 септември до 11 октомври.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com