Connect with us

Фудбал

Официјално се пензионираше еден од најдобрите на сите времиња

Поранешниот легендарен голман на шпанскиот тим Реал Мадрид, Икер Касиљас и официјално замина во пензија. Тој иако не играше, сепак го доби шампионскиот медал од Порто. Преживеа срцев удар, па поради тоа изминатата година беше многу турбулентна за него. Сега е добро, но одлучи целосно да се повлече од активното играње на фудбал.

-Важен е патот по кој патувате и луѓето што ве придружуваат, а не дестинацијата што ве носи. Затоа што со работа и труд доаѓа сама. Мислам дека можам да кажам, без двоумење, дека тоа се патот и дестинацијата од соништата. Ви благодарам, напиша Касиљас на Инстаграм.

Касиљас, кој има 39 години, во својата кариера одиграл над илјада мечеви и успеал да освои вкупно 24 трофеји.