Фудбал
Официјално: Сенегал без Мане на Мундијалот
На три дена пред почетокот на Мундијалот во Катар, еден од африканските репрезентативци Сенегал доби тежок удар врз своите амбиции. Суперѕвездата на тимот Садио Мане поради повреда нема да може да учествува на натпреварите на тимот, соопшти фудбалскиот штаб на оваа земја.

La @Fsfofficielle souhaite un prompt rétablissement à son joueur Sadio Mané, forfait pour la Coupe du monde 2022. pic.twitter.com/1Df9WrKrmt
— FSF (@Fsfofficielle) November 17, 2022
Напаѓачот заработи повреда на десната нога за време на победата на неговиот клуб Баерн Минхен над Вердер Бремен во Бундеслигата. Сенегал првично објави дека ќе го пропушти само натпреварот против Холандија на 21 ноември (понеделник).
Сепак, медицинскиот штаб на Лавовите на Теранга соопшти дека Мане не може толку брзо да се опорави од повредата и затоа ќе биде изоставен од тимот на Алиу Сисе, кој е во групата А со домаќинот на Светското првенство Катар, Еквадор и Холандија.