Connect with us

Фудбал

Огромен транспарент на стадион во Солун – „Македонија е една и единствена и е овде“

Објавено:

Огромен транспарент истакнаа навивачите на грчкиот тим Паок за време на синоќешниот дуел со Ајакс во квалификациите од Лигата на шампионите, на кој на англиски јазик пишуваше Македонија е една и единствена и е овде. Транспарентот беше поставен на централниот дел на трибината на стадионот Тумба во Солун, па во текот на речиси целиот натпревар беше во кадарот на камерите.  Ваквите транспаренти се честа појава во Грција, особено на натпреварите кои на домашен терен ги игра Паок. И во минатото навивачите на овој клуб го истакнуваа овој транспарент за време на натпреварите од домашното првенство, но и натпреварите во европските купови.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама