Connect with us

Фудбал

Охрид ја надигра Дрита за прво славје во подготвителниот период

Фудбалерите на Охрид ја забележаа првата победа во контролните натпревари од подготвителниот период совладувајќи ја екипата на Дрита со 3-1 (1-0) на СРЦ „Билјанини Извори“.

Во пресметката на двата второлигаши, триумфот на охриѓани им го донесоа Ромео Кочоски, со два погодоци, и Александар Бакулески. Стрелец за Дрита беше Мурати во второто полувреме.