Connect with us

Кошарка

Олимпијакос продолжува да врши притисок врз Евролигата

Управата на грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос упати нов апел до Евролигата, овој пат во форма на писмо, да го премести 29. натпревар во Евролигата меѓу Милан и Олимпијакос.

Евролигата во неколку наврати ги отфрли апелите од Олимпијакос и потврди дека натпреварот ќе се игра во Милано пред празна сала.

Деновиве, грчкото Министерство за здравство донесе одлука дека сите што влегуваат во Грција од Италија, една од државите најпогодени од коронавирусот, мораат да поминат 14 дена во карантин. Само по себе, би било многу лошо за еден спортски тим да помине 14 дена без тренинзи на средината на сезоната, а Олимпијакос не би можел да го игра следниот натпревар од Евролигата на 20.03. против Реал Мадрид.

Одлуката на грчкото министерство нема да ги заобиколува ниту спортистите, кои во оваа земја имаат ретко привилегиран статус, а интересно ќе биде да се види како ќе се одвива оваа прилично непријатна ситуација за грчкиот тим.