Фудбал
Олимписката шампионка го бркала крадецот, а на крајот го претепала!
Анита Влодарчик го повредила коленото додека бркала крадец кој се обидел да ја ограби.
Трикратната олимписка победничка во фрлање кладиво стана првата жена која победила на Олимпијадата три пати по ред.
Влодарчик била повредена додека бркала крадец кој се обидувал да упадне во нејзиниот автомобил, а на крајот го фатила.
„Само што го фатив крадецот и го предадов на полиција“, напиша Влодарчик во објавата на Инстаграм заедно со фотографија од автомобилот со траги од гребнатини.
View this post on Instagram
Сепак, не беше се така мазно, бидејќи на почетокот на неделата ќе треба да се оперира, по што ќе следи пауза од натпреварувањето, па под знак прашалник е за Светското првенство кое се одржува во јули.
„Благодарам на полската полиција за брзата интервенција. По мојата кариера мислам дека ќе се борам во ММА или УФЦ како нашата шампионка Јоана Једжејчик бидејќи крадецот беше повреден…“, додаде Влодарчик.