Поврзи се со нас

Други спортови

Олимпискиот шампион силувал девојче (15)? Му се заканува затворска казна од 20 години

Кенискиот атлетичар Конселус Кипруто е обвинет за силување малолетничка во неговата татковина.

Голем скандал ја потресе Кенија затоа што поранешниот олимписки шампион во дисциплината 3.000 метри со пречки наводно силувал 15-годишно девојче.

Тој беше ослободен со кауција да се брани од слобода откако се појави на првото судско рочиште каде го негираше силувањето на девојче, а новото рочиште е закажано за 20 мај следната година.

Пред судот беше голема група луѓе со постери и пароли кои бараа правда за малолетната девојка. Олимпискиот шампион влезе во судницата со качулка на главата, очила за сонце и маска против коронавирус.

Кипруто го освои олимпиското злато во Рио 2016 година, и Светското првенство 2017 година во Лондон и 2019 година во Доха.

Му се заканува казна затвор од 20 години доколку судот докаже дека силувал 15-годишно девојче.

loading...

Facebook