Други спортови
Оливера Наковска-Бикова и донесе злато на Македонија, стана европски првак во стрелаштво
Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, го освои златниот медал на ЕП во стрелаштво, кое се одржува во Норвешка ( во градот Хамар), во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.
Во возбудлива финална серија, во конкуренција на осум натпреварувачки, таа погоди 232,3 круга. Второто место и припадна на Турчинката Ајсел Озган со 231,5 круга, а трета беше нејзината сонародничка и сопственичка на европскиот рекорд (237,7) Ајсеѓул Пехливанлар со погодени 210,4 круга. Наковска-Бикова во денешните утрински квалификации заврши како трета.

Ова не значи обезбедена норма за Параолимписките игри во Париз 2024, но е за пласман на СП во ноември годинава, каде што ќе се пука за место во француската престолнина.