Connect with us

Фудбал

Оливие Жиру го напушта Челзи

По само шест месеци во тимот од „Стенфорд Бриџ“, Жиру започна преговори за заминување, а новиот клуб би требало да биди Марсеј.

Искусниот напаѓач кој во септември наполни 32 години е во преговори со француската екипа и извесно е дека ќе биде едно од засилувањата во редовите на овој тим.

Жиру после шест години поминати во Англија се враќа во Франција. Таму има настапувано за Гренобл, Истр, Тур и Монпелје, а во 2012. година стигна во Лондон и го облече дресот на Арсенал.

За „Топчиите“ играше се до јануари оваа година, а потоа замина во редовите на градскиот ривал Челзи, но очигледно дека новиот тренер Маурицио Сари не смета на него.

Челзи веќе одамна бара нов напаѓач, а Жиру се враќа во Франција по шест години поминати на „Островот“.

Во Марсеј Марсеј ќе пристигне како светски шампион, но и со нова фризура затоа што го исполни ветувањето дека ќе се истриже ако „Триколорите“ го освојат Мундијалот.