Фудбал
Онана замина од Интер, но порачува: Јас сум малку луд како овој клуб, ова не е екипа, ова е семејство, се надевам дека ќе се вратам!
Андре Онана и официјално се прости со навивачите, но и соиграчите и раководните луѓе во Интер. Тој летна во Манчестер, каде треба да ги мине лекарските прегледи и да стане нов играч на Јунајтед. Таму ќе работи со Тен Хаг, со кого беа заедно во една од најуспешните генерации на Ајакс.
Сепак, простувањето со Интер, каде помина една сезона, стигна до финалето, го освои Купот и Суперкупот на Италија, е емотивно.
-Знаев дека со доаѓањето во Интер ќе дојдам во голем клуб, со одлични играчи, но најдов повеќе. Лигата на шампионите не обедини. Го нарекуваат „луд Интер“, можеби затоа што е, а и јас сум малку луд, но тоа е најубавата дефиниција на светот. „Благодарам“ е зборот што сакам да го употребам за сите работници и компанијата, менаџерите, претседателот, тренерот, на моите соиграчи, а пред се на навивачите. Ќе бидам навивач на Интер засекогаш. Сакам Интер веднаш да го освои Скудетото што ни недостасуваше. Знам колку сите сакаат уште една ѕвезда. Се надевам дека дојде време да ја стават на нивните гради! Кој знае, можеби еден ден ќе се вратам, вели Онана.
Интер треба да добие 55 милиони евра за него, плус бонуси. Ова секако не е одлична зделка, со оглед на тоа дека пред една сезона дојде како слободен играч.